Штипската и кочанската болница се подготвуваат за лекување на настраданите во пожарот во кочанската дискотека. Двајца физијатри, десетмина физиотерапевти, медицински сестри и пластични хирурзи од источниот регион, во Кочани имаат интензивна обука од експерти од СЗО за пациенти со изгореници.
-
Македонија 25.04.2025 16:51
-
Македонија 25.04.2025 16:27
Муцунски: Да се стави крај на билатерализацијата на проширувањето
Спроведувањето на реформските процеси и унапредување на владеење на правото клучни при европските интграции – согласни се двајцата министри.
-
Македонија 25.04.2025 15:45
Пристигна биолошката терапија на онкологија
По еден месец, дел од пациентите болни од канцер почнаа да ја примаат биолошката терапија. Доцнеше поради тендерот за јавни набавки и долгите бирократски процедури, поради што, пациентите бараат дел од лековите да бидат ставени на позитивната листа.
-
Македонија 25.04.2025 15:06
Престрелка на Бит Пазар, повредено едно лице
Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје, соопштија од МВР.
-
Македонија 25.04.2025 14:38
Средба Меџити- Агелер
Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес во просториите на Владата оствари работна средба со Н.Е. Анџела Агелер, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.
-
Македонија 25.04.2025 14:19
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во сабота на 26 април ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост папата Франциск, којашто ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан.
-
Македонија 25.04.2025 13:33
Дел од повредените во пожарот во Кочани, на амбулантска терапија
Во Штип и Кочани болниците треба да ги пречекаат повредените во дискотеката „Пулс“, кои треба да го продолжат своето лекување. Дали се подготвени и има ли услови за соодветен третман откако ќе се заврши со нивното интензивно лекување?
Известува Славица Величковска
-
Македонија 25.04.2025 13:31
Деблокирање на македонските евроинтеграции
Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ е во официјална посета на Македонија и оствари средба со македонскиот колега Муцунски. Во фокусот евроинтеграциите.
Настанот го следи Марина Стојанова-Тонева.
-
Македонија 25.04.2025 13:24
Доведена во прашање важноста на лиценците за работа на стоматолозите
Со проблем се соочуваат и 3.500 стоматолози во земјава, чија лиценца за работа е под знак прашање. Министерството за здравство проверува дали се обновувани со невалидни сертификати од Стоматолошката комора.
-
Македонија 25.04.2025 13:22
Пристигна дел од биолошката терапија
На Клиниката за онкологија, како што беше најавено од денеска пациентите ќе можат да ја примат биолошката терапија. Од клиниката велат дека ќе ги известат сите кои треба да ја примат.
Андријана Ѓурческа известува.










