Во Владата свечена седница, одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Премиерот испрати пораки за единство, надминување на поделбите и заедничка иднина.
Известува Марија Котовска.
Во Владата свечена седница, одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Премиерот испрати пораки за единство, надминување на поделбите и заедничка иднина.
Известува Марија Котовска.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
До крајот на неделава ќе се реши дилемата за правилата за учество на независните кандидати на локалните избори. Правни експерти се повикуваат на консултации во Министерството за правда за да помогнат во техничкото решение за учество на независните иницијативи на изборите.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 3, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни матери
Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.
На 12.08.2025 во 18:55 часот полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 303 од КЗ (загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај).
Денеска (13.08.2025) во 02.10 часот на ул. „Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Г.А.(51) од Македонска Каменица.
Пред дваесет и четири години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе биде од 13 до 19 целзиусови степени, а дневната од 31 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која се очекува да формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).