Надлежните со контроли за безбедноста во училиштата. Министерката за образование Јаневска во посета на Основното училиште „Партенија Зографски“. Андријана Ѓурчевска известува.
Надлежните со контроли за безбедноста во училиштата. Министерката за образование Јаневска во посета на Основното училиште „Партенија Зографски“. Андријана Ѓурчевска известува.
Македонија одбележува пет години од членството во НАТО. Земјава влезе во Алијансата како 30-та членка. Во февруари 2019-та година беше потпишан пристапниот протокол, а по завршување на процесот на ратификација, на 27-ми март 2020-та Македонија и официјално стана полноправна членка на НАТО.
Продолжува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Полицијата влезе во домот на сопственикот, се бараа нови докази, беа одземени компјутери и финансиска документација. Судот во Кочани ги прифати жалбите на тројца осомничени.
Демократската унија за интеграција соопшти дека пратениците од коалицијата „Европски фронт“ ќе поднесе официјално барање за формирање посебна Парламентарна комисија која ќе го истражи, како што велат, селективниот и едностран пристап на правосудниот систем во истрагата за трагедијата во Кочани.
МВР приведе маж од Радовиш кој тепа жена а сето тоа во живо се пренесувало на социјалната платформа Тик-Ток. На видеото се гледа и слуша како насилникот и психички и физички ја малтретира жената која според сведоци била бремена и подолг период трпела насилство.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР.
Директорот на Центарот за анализи на СДС, Јон Фрчкоски не беше единствениот кој беше фатен во нарко афера, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваат дека втората нарко афера во оваа партија беше на водачот на Шарената револуција и нивен пратеник, Павле Богоевски.
Вчера во 17.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.М.(24) и А.М.(23), двајцата од село Криволак, неготинско.
Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто се разговараше за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 животи, соопштуваат од партијата.