Родната Струмица му оддаде почит на својот сограѓанин и претседател Борис Трајковски, кој пред 21 година загина во авионска несреќа кај Мостар во Босна. Пред споменикот Македонија, претставници на повеќе организации и институции положија свежо цвеќе. Трајковски беше визионер.
-
Македонија 26.02.2025 13:30
-
Македонија 26.02.2025 13:25
Филипче: Унгарскиот кредит се троши за друго
Економијата во фокус на опозицијата. Лидерот на СДСМ денеска на прес-конференција излезе со обвинувања дека парите од унгарскиот кредит предвидени за бизнисот се трошат за други намени.Миле А. Ристески известува од прес-конференцијата на СДСМ. -
Македонија 26.02.2025 13:14
Советот на јавните обвинители го чека предлогот за разрешување на Коцевски
Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски е подготвен и се очекува да биде испратен до Советот на јавни обвинители. Рокот за доставување мислење од членовите на ова тело е 15 дена. Сепак, ставот на ова обвинителско тело не е обврзувачки за Владата.
-
Македонија 26.02.2025 13:13
Сведокот на Палевски денес даде исказ пред судот
Во Кривичен суд денеска ново рочиште за убиствата на млада Вања и велешанецот Панче. Денеска одбраната на обвинетите ги презентира своите докази. Кои сведоци го дадоа својот исказ?
Судењето го следи Анита Димитријевска-Велковска.
-
Македонија 26.02.2025 12:40
Вчера санкционирани 120 возачи за брзо возење, 72 за возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во поглед на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 773 платни налози.
-
Македонија 26.02.2025 12:19
Јаневска: Спроведуваме истражување за вработливоста на македонските студенти
Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да видиме каков е степенот на вработливоста, односно дали овие студенти веќе се вработиле и за колку време по дипломирањето, дали
-
Македонија 26.02.2025 11:46
Во Кривичен суд одложено судењето за кучето Феликс
Во Основниот кривичен суд Скопје одложено судењето за кучето Феликс, кое почина на 7 ми јануари, по нанесени тешки повреди од двајцата обвинети, Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски.
-
Македонија 26.02.2025 11:27
Муцунски на средба со амбасадорот на БиХ, Драган Јаќимовиќ
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, го прими амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.
-
Македонија 26.02.2025 11:03
„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја
Македонија исто како и минатата година, со 67 од 100 поени, според извештајот на „Фридом хаус“ е рангирана како делумно слободна земја.
Во категоријата политички права, има 28 од 40 поени, а околу граѓанските слободи има 39 од 60.
-
Македонија 26.02.2025 10:49
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,15 метри надморска височина или 24 сантиметри под просекот. Денешниот водостој на езерото е само шест сантиметри над дозволениот минумум.










