Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска го отвори настанот „Заштита на јавните финансиски интереси на инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ“, кој се одржува во Маврово во организација на УНОПС.
-
Македонија 10.02.2025 12:51
-
Македонија 10.02.2025 12:19
Муцунски на средби во Парламентот на Нов Јужен Велс
Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средби со спикерот на Парламентот на Нов Јужен Велс, Грег Пајпер, заменик-спикерката Сонија Хорнери и пратеникот Нејтан Хагарти.
-
Македонија 10.02.2025 10:34
ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа
ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.
-
Македонија 10.02.2025 09:04
Утрово најстудено во Берово
Минусни температури речиси низ целата држава беа измерени утрово. Најстудено беше во Берово, каде што беа измерени -11 степени. После Берово, следува Крива Паланка и Маврово со -8. На Попова Шапка и Битола беа измерени -7 степени, -6 во Крушево, Скопје, Штип, Велес и Прилеп.
-
Македонија 10.02.2025 08:50
Денеска ќе биде пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники
Новата компресорска станица за хируршките клиники, денеска официјално ќе биде пуштена во употреба. На настанот, како што информираат од Министерството за здравство, ќе присуствува и министерот Арбен Таравари.
-
Македонија 10.02.2025 08:28
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 10.02.2025 08:18
Наутро студено, преку денот променливо облачно
Утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови претежно од пладневните часови ќе има услови за појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
-
Македонија 09.02.2025 17:16
Скопје се гуши, загадувањето алармантно- се гради кај ќе се стигне
Сообраќајот, домаќинствата, но најмногу непланското градење висококатници се најголемите проблеми поради се поголемата загаденост на Скопје, но и на цела Македонија, алармира експертската фела.
-
Македонија 09.02.2025 16:25
СМС известувања и камери на црни точки, Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци
Системот за безбедност во сообраќајот е нефункционален со години. Само лани биле затекнати 19.000 граѓани коишто управувале возила без дозвола низ цела Македонија, а се зголемуваат црните точки каде што има несреќи со смртни последици.
-
Македонија 09.02.2025 14:56
Најмногу претставки за извршителите
Кумановци и граѓаните од општините од североистокот најмногу реагираат на работата на извршителите. Во канцеларијата на Народниот правобранител од 123 претставки лани, дури 21 се од областа на правосудството-извршителите.









