Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Врховниот суд Беса Адеми вчера потпишаа Договор за соработка и размена на податоци во електронска форма меѓу двете институции.
-
Македонија 30.01.2025 14:05
-
Македонија 30.01.2025 13:35
Барање за надзорна расправа за загадениот воздух
Пратенички прашања денеска во Собранието. Но, пред стартот на седницата, во фокусот на народните избраници аерозагадувањето. СДСМ и Левица поднесоа барање за надзорна расправа за загадениот воздух. ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата. Рекоа дека се подготвени да разговараат на оваа тема.
-
Македонија 30.01.2025 13:23
Над 30 проценти повеќе заболени од грип минатата недела
Состојбата со грипот и натаму алармантна. Бројот на заболени повисок во однос на мината недела за над 30 проценти. Здравствените власти постојано смируваат дека ситуацијата не е загрижувачка, но амбулантите никако да се испразнат.
Наташа Јанчиќ-Менковски известува.
-
Македонија 30.01.2025 13:14
Следната недела ќе биде достапна биолошката терапија на Онкологија
Уште 30-тина пациенти чекаат биолошка терапија. Клиниката веќе го објави тендерот за набавка на сите потребни лекови за болните од канцер.
Кога се очекува да се обезбеди терапија за сите болни, известува Андријана Ѓурческа.
-
Македонија 30.01.2025 12:56
22-годишна девојка загина во сообраќајна несреќа на „Партизанска“, возачот во притвор
Дваесет и двегодишна девојка загина во сообраќајна несреќа на Партизанска. Возачот е приведен. Обвинителството по увидот на местото на несреќата побарало обдукција на телото на починатата. Се бараат и снимки од видеонадзорот на локацијата. Ова не е прв несреќен случај на ова место.
-
Македонија 30.01.2025 12:39
Спикерот Гаши сè уште не добил нов предлог за замена на Даути
По оставката на Илире Даути од претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, до спикерот Гаши не стигнал нов предлог од Европскиот фронт за нејзина замена.
-
Македонија 30.01.2025 11:36
ДЗР: Слабостите во управувањето со здравствените услуги и лекови на Клиниката за дерматологија
Слабости во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското управување и недостиг на ефикасност во реализацијата на договорените здравствени услуги се утврдени со ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија.
-
Македонија 30.01.2025 11:19
Обвинение против три лица, меѓу кои двајца главни инспектори во МВР, кои одаваа службени тајни на групата „Дуќанџик“
По тримесечна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против три лица.
-
Македонија 30.01.2025 11:14
Струмичани се подготвуваат за протестен марш против загадениот воздух
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, ќе биде дел од протестниот марш во сабота заради загадениот воздух што го организираат екоактивистите. Ќе се приклучи оти струмичани заслужуваат да дишат почист воздух, но и фактот што одредени субјекти биле посилни и од законите.
-
Македонија 30.01.2025 10:42
Финансиска поднесе две кривични пријави до ОJO Струмица за даночно затајување
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К. Х поради исновано сомнение дека го сторил кривичното дело Даночно затајување по член 279 став 2 в.в со став 1 од Кривичниот законик.










