-
Македонија 03.01.2025 13:27
Царината откри и спречи организиран криминал
Во акција за кримчарење на возила, царината откри и спречи организиран криминал. 24 лица заработија кривична пријава. Меѓу нив цариници, шпедитери и увозници.Повеќе за акцијата известува Игор Панов. -
Македонија 03.01.2025 13:15
Автомобил и три женски тела извлечени од Вардар
Полицијата, нуркачи, но и дрон трагаат по уште едно лице откако беа најдени три тела, по вчерашната трагична несреќа кога автомобил излетал од патот Рашче-Сарај и паднал во реката Вардар. Се спаси детето кое паднало од возилото.
-
Македонија 03.01.2025 10:43
Испечатените документи од јавни органи од денеска се признаваат како валидни
Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека од денес секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен.
-
Македонија 03.01.2025 10:30
Александар Камбовски избран за нов претседател на Судски совет
Битолскиот судија Александар Камбовски, со 13 гласа за, од 15 членови на Судскиот совет избран за нов претседател на советот откако Весна Дамева на крајот на минатата година поднесе оставка од функцијата.
-
Македонија 03.01.2025 10:18
ОЈО: Возилото кое излета во Вардар го управувала една од загинатите
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.
-
Македонија 03.01.2025 09:00
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени-7 степени, -6 било во Скопје Петровец, -5 во Скопје-Зајчев Рид и Струмица, -4 во Битола, Велес, Куманово и Попова Шапка, -3 во Тетово, Штип, Демир Капија, Кавадарци и Крива Паланка, -2 во Лазарополе, -1 во Гевгелија и Прилеп, 0 во Охрид и Прет
-
Македонија 03.01.2025 08:38
Министерката Јаневска на средба со Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени
Денеска во Студентскиот културен центар министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе оствари средба со претставници на Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени.
-
Македонија 03.01.2025 08:34
Премиерот Мицкоски ќе присуствува во пуштање на употреба на спортска сала „25 Мај“ во Општина Радовиш
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе присуствува во пуштање на употреба на спортска сала „25 Мај“ во Општина Радовиш. Комплетна санација на спортска сала „25 Мај“, е една од капиталните инвестиции на Министерството за спорт во спортската инфраструктура.
-
Македонија 03.01.2025 08:33
ОЈО: Обвинение за криумчарење луксузни автомобили
Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи.
-
Македонија 03.01.2025 08:33
Дел од населбата Кисела Вода без вода
Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Јордан Филиповски“ и „Есенинова“ во населбата Кисела Вода.










