Основното јавно обвинителство информира дека под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.
-
Македонија 29.12.2024 10:13
-
Македонија 29.12.2024 08:45
Студено со услови за магла по одделни котлини
Времето утрово ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
-
Македонија 28.12.2024 20:13
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими министерот за правда, Филков
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков.
Двајцата соговорници разговараа за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.
-
Македонија 28.12.2024 20:00
ОЈО: Дрвокрадци во велешко се заканиле и нападнале шумски полицајци
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против три лица поради сомнение дека сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 28.12.2024 19:11
Деспотовски под истрага за злоупотреба на службената положба, Кривичен му го одзеде пасошот
Екс-директорот на слободните зони, Јован Деспотовски остана без пасош. Кривичниот суд му одреди мерки на претпазливост во постапката што против него ја повеле Обвинителството и финансиската полиција поради сомнеж за злоупотреба на службената положба.
-
Македонија 28.12.2024 17:54
Во кумановската болницата недостасуваат специјалисти, но и сестри
Специјалисти од речиси сите профили, но најмногу анестезиолози, рендгенолози, ортопеди, уролог и инфективни болести, недостасуваат во кумановската болница. Најмладиот анестезиолог има 60 години, а највозрасниот 66 години.
-
Македонија 28.12.2024 17:23
Јован Деспотовски: Сите наводи за мое наводно приведување се неточни
Поранешниот директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, попладнево ги демантира објавите дека е приведен.
„Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни.
-
Македонија 28.12.2024 17:15
Ѓурчевски: Следење на лица без судска наредба не е дозволено
Клопчето се одмотува, организираните криминални групи мора да бидат разоткриени, вели поранешниот началник на МВР, Ѓурчевски по отворањето предмет од обвинителството по допрен глас, за најавите на премиерот Мицкоски дека бил следен од безбедносни служби кога бил лидер на опозицијата.
-
Македонија 28.12.2024 16:57
Втор протест за чист воздух во Скопје, граѓаните бараат мерки од надлежните
Граѓаните бараат 24 часа да се следи што испуштаат во воздухот големите индустриски капацитети; јавните, државните институции, болниците да престанат да користат мазут за затоплување, да има јавен превоз да се намали сообраќајниот метеж, да се реши проблемот со депониите.
-
Македонија 28.12.2024 16:30
Рамиз Мерко остана без пасош, струшкиот суд покрена ново обвинение
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко доби уште едно обвинение и остана без пасош. Судот го задолжи еднаш неделно да се јавува и ги побара мерките поради опасност од бегство.










