Многубројни детски насмевки го дочекаа пристигнувањето на најпознатиот дедо на светот. Но, тој овој пат не пристигна на санка што ја влечат ирваси, туку слета со хеликоптер.
-
Македонија 28.12.2024 14:30
-
Македонија 28.12.2024 14:05
80 години Македонско радио, 60 години Македонска телевизија
Од самиот почеток Македонското радио стана првиот гласник на информациите, прв ги објави и резултатите од референдумот за независна Македонија. Истиот интензитет и жештина продолжија и во следните години. За тоа доказ се и голем број признанија, дипломи, плакети.
-
Македонија 28.12.2024 13:42
118 години од загинувањето на Даме Груев
Денеска се одбележуваат 118 години од загинувањето на македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија, Даме Груев. На маршот учествува и премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-
Македонија 28.12.2024 10:42
„Зборуе Радио Скопје“ - 80 години Mакедонско радио
„Зборуе Радио Скопје“ - 80 години откога на 28 декември 1944 година, беше означен почетокот на работата на Македонското радио. Овој датум се смета и за официјален почеток на Македонската радио-телевизија. 20 години подоцна, од студиото во Нерези е емитуван и првиот телевизиски дневник.
-
Македонија 28.12.2024 10:15
Денеска нов протест за право на чист воздух
Пред Министерството за животна средина денеска напладне ќе се одржи нов протест за право на чист воздух. Оттаму маршот ќе продолжи кон Собранието, пред Владата и ќе заврши пред Град Скопје.
-
Македонија 28.12.2024 09:08
Ново обвинение за Рамиз Мерко, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница
Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот.
-
Македонија 28.12.2024 08:35
Наутро студено и магливо, преку ден сончево
Времето денеска изутрина е студено со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.
-
Македонија 27.12.2024 20:29
Три жени пронајдени починати во одвоени случаи
Три жени биле пронајдени починати во текот на вчерашниот ден. Два случаи се во Аеродром, а еден во скопско Средно Коњари.
Полицијата во 21 часот добила пријава дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината М.А.(61)., а лекар констатирал смрт.
-
Македонија 27.12.2024 19:31
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на за
-
Македонија 27.12.2024 19:14
Претрес во дом во Сарај, пронајдени пиштол и куршуми
Полицијата приведе 50-годишен жител на Сарај, З.З., откако при претрес на неговиот дом биле пронајдени пиштол и 53 куршуми.










