Забрана за сите видови возила е воведена на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка поради наноси од снег. Од Авто Мото сојузот на Македонија информираат дека забраната е воведена од 14:35 часот.
-
Македонија 01.12.2024 17:16
-
Македонија 01.12.2024 16:40
Куманово: Од идната седмица ќе се украсува градот
Од идната седмица ќе започне новогодишното украсување на Куманово. Новогодишната декорација годинава ќе чини 3 милиони денари. Како и изминатите две години, ќе се набават сопствени украси, кои ќе се користат и во иднина.
-
Македонија 01.12.2024 16:22
„Вреди“: ДУИ за лични интереси ги користи младите
ДУИ за чисто лични интереси ги користи младите како „топовско месо“, само за да ја избегнат правдата што ги чека, велат од „Вреди“. Покажаа фотографии со кои се докажува како што потенцираат, дека младите луѓе кои го запалија македонското знаме се блиски соработници на Артан Груби.
-
Македонија 01.12.2024 15:23
Сообраќајот на Плетвар без проблеми
На превојот Плетвар сообраќајот се одвива непречено, без застој за сите видови возила. Без проблеми е и на сите регионални и магистрални патни правци во Регионот. Отстранети се сите одрони.
-
Македонија 01.12.2024 14:53
Додека Град Скопје планира, општините украсуваат за Нова година
Метрополите блеснаа во новогодишен сјај, но не и нашата. Неделава треба да се знае кога Скопје ќе добие новогодишна слика. Граѓаните не чувствуваат предновогодишна атмосфера и очекуваат годинава градот порано да биде украсен за да влеземе со оптимизам во Новата година.
-
Македонија 01.12.2024 13:16
ЈП „Македонија пат“: Екипите се на терен, во континуитет се расчистуваат државните патишта
Од јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“ информираат дека со сите расположливи екипи се на терен и во континуитет се врши расчистување на државните патишта.
-
Македонија 01.12.2024 13:05
ЈСП ги троши последните резерви нафта
Автобусите на ЈСП сè уште возат на гориво позајмено од државните резерви. Скопјани стравуваат дека повторно нема да имаат јавен превоз, доколку нема набавка. Дел револтирани што проблемот се решава на нивна сметка.
-
Македонија 01.12.2024 10:55
Обвинителството покрена истрага и бара притвор за двете лица кои во петокот извршија разбојништво кај Градскиот стадион
Против две лица на возраст од 27 и 21 година Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 01.12.2024 10:48
Почна изградбата на куќи за бездомниците во Штип
Во Штип има повеќе од 260 бездомници „привремено згрижени“ во објектите на старото нервно одделение. Привремениот престој требаше да трае неколку месеци, но се оддолжи 13 години.
-
Македонија 01.12.2024 09:45
Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови. Слаб снег провејува низ Западна Македонија, а во остантите делови од државата врнежите се од дожд.










