Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
-
Македонија 03.12.2024 08:07
-
Македонија 03.12.2024 08:05
Сончево и тивко со мала до умерена облачност
Времето денеска претпладне променливо облачно со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе се движи во интервал од-5 до 1 степен, а максималната од 3 до 10 степени.
-
Македонија 02.12.2024 21:44
Муртезани: Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на панел-дискусија насловена „Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда“, национален настан во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), којшто е посветен на унапредување на
-
Македонија 02.12.2024 20:47
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
Преку размена на позитивни практики и искуства, Македонија и Хрватска ќе ја зајакнуваат образовната соработка и ќе унапредуваат повеќе аспекти на националните воспитно – образовни системи.
-
Македонија 02.12.2024 19:54
Средба Тошковски – Ангеловски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со раководството на Републичкиот совет за безбедност на патиштата и новоназначениот претседател Горан Ангеловски.
-
Македонија 02.12.2024 19:32
Едно лице е повредено во пукање во Чаир
Едно лице е повредено во пукање кое денеска се случи во скопската населба Чаир. Лицето е пренесено во една од скопските болници на лекување, а неговата состојба засега не е позната. Пукањето се случило во близина на чаирскиот стадион.
-
Македонија 02.12.2024 19:14
Јаневска: Оптимизација на училишната мрежа за поквалитетен воспитно – образовен процес
Нови 23 општини се вклучуваат во процесот на оптимизација на училишната мрежа, кој треба да обезбеди поквалитетно образование за сите ученици.
-
Македонија 02.12.2024 17:37
Источниот регион има голема потреба од домови за стари лица
Во источниот регион има два дома за стари лица со минимален капацитет. Во Домот за стари „Д-р Иван Влашки“ во Берово живеат 39 лица. Со пуштање во употреба на новата ламела капацитетот се зголемува за 28 станари, но на листа на чекање се околу 160 луѓе.
-
Македонија 02.12.2024 17:32
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“
Вонреден инспекциски надзор во основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек. Се бара одговорност кој дозволил на приредба учениците да бидат облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации и со пластични пушки во раце. Инспекторите се задржаа еден час.
-
Македонија 02.12.2024 17:07
Состојбата на Пелистер се стабилизира по изобилните наноси од снег, неколку села и денеска без струја
По вчерашните наноси од над еден метар снег, состојбата на патните правци кон двата ски-центри полека се нормализира.










