На 02.12.2024 околу 03 часот во Скопје, на територија на Карпош, од страна на полициски службеници од ПС Карпош биле лишени од слобода М.Т. (31) од Скопје и Б.Н. (27) од Скопје поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“.
-
Македонија 02.12.2024 09:33
-
Македонија 02.12.2024 09:23
Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка – 3 степени
Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка – 3 степени, Маврови Анови – 2, Крушево – 1, Берово 0, Претор и Дебар 1, Охрид и Крива Паланка 2, Куманово, Тетово, Битола и Прилеп 3, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје- Петровец, Штип и Виница 4, Струмица, Велес и Демир Капија 5 степени
-
Македонија 02.12.2024 09:14
Почина поранешниот началник на Генералштабот на Армијата, Бојаџиев
По тешко и кратко боледување вчера на 74-годишна возраст, почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата. Бојаџиев е роден 31 март 1950 година во Ново Село, Струмица.
-
Македонија 02.12.2024 09:04
АХВ откри нерегистрирана училишна кујна и низа недостатоци во четири други кујни
При минатонеделните спроведени вонредни надзори во 36 училишни кујни во основни и специјални училишта на територија на град Скопје, инспециските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најдоа само една кујна која не е регистрирана во АХВ.
-
Македонија 02.12.2024 08:44
Од денеска приватните превозници се враќаат во сообраќај
Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во саботата во Град Скопје.
-
Македонија 02.12.2024 08:29
Муцунски во работна посета на Брисел
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до 4 декември, ќе престојува во работна посета на Брисел на средби со европратеници и ќе учествува на редовниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО.
-
Македонија 02.12.2024 08:25
Гаши во дводневна официјална посета на Стокхолм
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, предводи парламентарна делегација во дводневна официјална посета на Стокхолм.
-
Македонија 02.12.2024 08:18
Забрана за камиони на Маврово и на патот Тетово – Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.
-
Македонија 02.12.2024 08:15
Денеска во Собрание заседаваат две комисии
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 02.12.2024 08:14
Променливо облачно со сончеви периоди
Викендот земјава под снежна покривка на повисоките места. Утрово облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.










