Денеска е Велика Сабота, ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник -Велигден.
-
Македонија 04.05.2024 10:06
-
Македонија 04.05.2024 09:34
Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик.
-
Македонија 04.05.2024 09:25
Одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев
Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.
-
Македонија 04.05.2024 08:55
Облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
-
Македонија 03.05.2024 20:09
Истражителка на ОЈО Скопје за компјутерски криминал со меѓународно признание од ИЛЕА
Меѓународната академија за спроведување на законот (ИЛЕА) во Будимпешта додели признание за работата и постигнувањата на Марина Пешовска, истражителка за компјутерски криминал од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство Скопје.
-
Македонија 03.05.2024 19:55
Светски ден на слободата на медиумите
Македонија со скок од две места во однос на лани, од 38. на 36. место и има најдобра оценка споредено со земјите во регионот – Индексот на слободата на медиумите објавен од „Репортери без граници“. Во однос на лани, земјава забележува пад во четири од пет индикатори.
-
Македонија 03.05.2024 19:16
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
Сообраќајот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на „Алкопласт“, од 18:05 часот е во прекин, информира попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
Причина за прекинот, како што се наведува во соопштението, е сообраќајна незгода.
-
Македонија 03.05.2024 17:38
Во Чаир нападнато цело семејство
На 01.05.2024 во 23:00 часот во СВР Скопје, С.С.(28) од Скопје пријавила дека околу 18:30 часот во нивниот дом на подрачјето на Чаир, таа, нејзиниот татко Т. С, нејзиниот чичко Д.С., нејзината тетка М.А. и нејзината сестра С.С. биле физички нападнати.
-
Македонија 03.05.2024 16:50
Петте црвени линии услов за идно коалицирање со владата, велат од Левица
Ќе направиме се барањата на бранителите од 2001 година да се институционализираат – рече носителот на листа од шестата изборна единица на Левица, Игор Димески. Според него досегашните барања на бранителите останале нереализирани ветувања од претходните влади.
-
Македонија 03.05.2024 16:49
Економијата во фокусот во програмата на коалицијата „Храбро за Македонија“
Раст на капиталните инвестиции, заживување на домашната економија, изградба на патишта и железници. Ова го најави носителот на листата во втората изборна единица Љупчо Ристовски, кој ја претстави платформата за економски препород на Македонија.










