Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 м – 100 м има во Пехчево, Берово, Смојмирово и до 100 м во Катланово.
-
Македонија 06.03.2026 08:30
-
Македонија 06.03.2026 08:20
Сончево со мала до умерена локална облачност
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
-
Македонија 05.03.2026 20:43
Пратениците ги усвоија измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште, предложени од Министерството за транспорт, со цел поттикнување на економскиот развој и подобрување на услугите за граѓаните.
-
Македонија 05.03.2026 20:31
Муцунски: Евакуирани македонските државјани од Израел, се подготвуваат и нови летови од погодените подрачја
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека успешно е реализиран процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, при што тие попладнево со владиниот авион полетале од Шарм ел-Шеик кон Скопје.
-
Македонија 05.03.2026 19:44
Сали: Испораката на реформите е клучна за напредокот кон ЕУ
Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска го отвори состанокот на Стратешкиот координативен одбор на проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, кој се одржа во Министерството за европски прашања.
-
Македонија 05.03.2026 19:24
Средба Милошоски - Декарт
Корисна и продуктивна средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со Северин Декарт, раководител на секцијата за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка.
-
Македонија 05.03.2026 19:06
Намален бројот на заболени од грип
Вкупно 767 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип во Македонија, евидентира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во деветата недела од 2026 година, од 23 февруари до 1 март.
-
Македонија 05.03.2026 18:44
Сè уште на сила забраната за користење на водата во Струга
Извориштето Шум ќе биде прогласено за заштитено подрачје, а се очекува и одлука од Владата за легално користење на водата. Изработен е план, а наскоро треба да започне и санација на извориштето. Ова се мерките што ќе ги преземат надлежните откако речиси цел месец стружани немаат питка вода.
-
Македонија 05.03.2026 18:22
10 тони опасен хемиски отпад со години чуван во руиниран објект на ИЈЗ
Десет тони опасен хемиски отпад, десет години се чувале во руиниран објект на Институтот за јавно здравје. Станува збор за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид, лесно испарлив и запалив отпад.
-
Македонија 05.03.2026 17:45
Судот не го прифати предлогот за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
Нема спојување на тековната и на постапката за 13 полициски службеници за случајот „Пулс“. Ваква одлука донесе Судечкиот совет со образложение дека процесот е во доказна постапка, а спојувањето на двата предмета во еден ќе резултира со одолговлекување и неекономичност на процесот.










