Жените – Ромки и натаму дискриминирани во работните односи. Само 8 проценти од нив се вработени. Ова го покажа најновиот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Ана Јосифоска известува.
Жените – Ромки и натаму дискриминирани во работните односи. Само 8 проценти од нив се вработени. Ова го покажа најновиот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Ана Јосифоска известува.
Случајот со марихуната и натаму ја бранува јавноста. Попладнево во Министерството за здравство, прес – конференција на министерот Алиу.
Андријана Ѓурческа известува.
Дел од нашинците се вратија дома, но многумина и натаму чекаат за евакуација од Блискиот Исток. Се финализира постапката за склучување договор со компанија, за организација на чартер – летови.
Наташа Јанчиќ – Менковски е пред МНР.
Јавното обвинителство по допрен глас оформи предмет за постапувањето на Центарот за социјални работи за трагедијата во Тафталиџе. По утврдените неправилности, се проверува и дали евентуално постои кривично дело.
Анита Димитријевска – Велковска го следи случајот.
Новата страница во фудбалската клупска кариера на македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ашковски се претвори во вистинска голгота. Само месец и половина откако потпиша договор да настапува за иранскиот клуб „Рафсанџан“, земјата беше нападната од САД и Израел.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ќе присуствуваат на промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“.
На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја 24-годишната
Нивото на водата во Охридското Езеро моментално изнесува 693,73 метри надморска височина, што е 24 сантиметри над просекот за месец март (693,49 мнв).
Во Собранието денеска ќе се одржи работилницата „Млад франкофонски парламент“.