Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 04.03.2024 10:44
-
Македонија 04.03.2024 10:36
Казнети 405 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 405 возачи, информиртаат од МВР.
-
Македонија 04.03.2024 10:33
Истрага против дилер на марихуана од Тетово
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 04.03.2024 10:31
За седум дена санкционирани се 237 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-
Македонија 04.03.2024 10:08
ИЈЗ: Дебелината во Македонија е на високо ниво
Дебелината кај возрасните и децата во Северна Македонија е стабилно на високо ниво, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Светскиот ден на дебелина – 4 март.
-
Македонија 04.03.2024 09:48
Во Собранието денеска свечена изјава на новиот член на ДИК, Абдуш Демири
Денеска во Собранието свечена изјава ќе даде новоизбраниот член на Државната изборна комисија, Абдуш Демири.
Собранието во рамки на 145 седница, во средата го изгласа Демири за член на Државната изборна комисија, со што по неколку месеци се комлетираше составот на Комисијата.
-
Македонија 04.03.2024 09:48
Без вода дел од корисниците од неколку улици во Центар
Дел од корисниците на улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Ленинова“ и „Коле Неделковски“ во Центар денеска ќе имаат прекинато водоснабдување поради приклучок на цевка од ф 80 мм на ул. „Антоние Грубишиќ“ бр. 8.
-
Македонија 04.03.2024 09:42
Студентскиот оброк од денеска се исплаќа на неделно ниво
Студентите од денеска парите за субвенциониран оброк ќе ги добиваат неделно односно 840 денари вкупно за шест дена во неделата наместо дневната исплата од 140 денари.
-
Македонија 04.03.2024 09:23
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 04.03.2024 09:15
Десет пожари на отворено во последното деноноќие, сè уште активен пожарот во Македонски Брод
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие. Сè уште активен е пожарот во општина Македонски Брод.










