Во рамки на посетета на Атина, премиерот Ковачевски денеска оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.
-
Македонија 22.08.2023 12:52
-
Македонија 22.08.2023 12:44
Ковачевски: Македонија не смее да заглави во чекалницата на ЕУ, треба одлучност за да продолжиме
Неносењето одлуки, немањето храброст и одлучност нема да ја помрднат земјата ниту милиметар-премиерот Ковачевски од Атина испрати порака за усвојување на неопходните уставни измени за да продолжи европскиот пат.
-
Македонија 22.08.2023 12:30
Османи од Шпанија: Проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан е врвен безбедносен интерес за ЕУ
„Обединета и просперитетна Европа во мир може да се постигне само со обединет и просперитетен Западен Балкан во мир. Во таа смисла, ова е редок случај на очигледен споделен интерес и за ЕУ и за ЗБ.
-
Македонија 22.08.2023 12:12
Владата ќе одржи седница
Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе одржи седница.
За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето, соопштуваат од владината прес- служба.
-
Македонија 22.08.2023 12:10
Меџити: Набавен е лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија
Три храбри дечиња со ретка болест го добија потребниот лек кој ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет на живот.
-
Македонија 22.08.2023 11:50
Санкционирани 45 мотоциклисти за прекршоци во сообраќајот
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 45 возачи.
-
Македонија 22.08.2023 11:30
Изгоре автомобил во центарот на Скопје
На влезот пред Старата скопска чаршија, кај плоштадот „Скендербег“, претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.
Возилото марка „форд“ се запалило додека сопственикот бил внатре во возилото, пренесува МИА.
-
Македонија 22.08.2023 11:24
МВР: 345 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 345 возачи.
-
Македонија 22.08.2023 11:11
За еден сантиметар намалено нивото на Преспанско Езеро, кај Охридско и Дојранско нема промени
Нивото на Преспанското Езеро е за еден сантиметар пониско од вчера, а кај Охридското и Дојранското Езеро нема промени, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Како што информира УХМР, водостојот на сите три езера се пониски од августовскиот просек.
-
Македонија 22.08.2023 11:08
Четири активни пожари во земјава
Изутринава во земјава има четири активни пожари, а во изминатите 24 часа, како што информираат од Центарот за управување со кризи, имало 23 пожари на отворен простор.










