Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, вчера во Мадрид оствари значајна средба со Шаика ал Новаис, генерален секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO).
-
Македонија 22.01.2026 14:29
-
Македонија 22.01.2026 14:16
Сезонскиот грип ги испразни градинките
Сезонскиот грип ги испразни градинките во Струмица. Последниве денови речиси е преполовен бројот на децата кои се згрижени во двете општински установи „Детска радост“ и „Виножито“. Дури 490 деца отсуствуваат од двете градинки каде се запишани околу 1.230 дечиња.
-
Македонија 22.01.2026 13:34
Незадоволство меѓу членовите на СДСМ
Тензиите се зголемуваат во опозициската СДСМ. На адреса на социјалдемократите, препукувања меѓу поранешни високи функционери. Последен во низата е Јован Деспотовски кој бара извинување од раководството на социјалдемократите поради упатени навреди кон него.
-
Македонија 22.01.2026 13:34
ФЗО: Дел од услугите ќе се вршат електронски
Преку еден портал на ФЗОМ граѓаните ќе стигнуваат до потврди од областа на здравството, ова е само една од новините кои ги најавија министерот за дигитална трансформација Андоновски и директорот на ФЗОМ Клековски. -
Македонија 22.01.2026 13:22
Унапредување на еднаквоста меѓу жените и мажите
Трнлив пат на жените до раководните функции. Во земјава родовата еднаквост има напредок, но дали е доволно признаена разноликоста?
Одговори бара Андријана Ѓурческа.
-
Македонија 22.01.2026 13:19
Продолжува рочиштето за „Онкологија 1“
Во Кривичен продолжува судењето за „Онкологија 1“, во кој за тешки дела против здравјето на луѓето и неосновано лекување болни се товарат поранешниот директор на Онкологија Нино Васев и уште двајца доктори.Игор Панов го следи судењето. -
Македонија 22.01.2026 13:18
Се чека одлука за притворот на Ристов
Сомнителниот имот на судијата Ѓоко Ристов ја разбранува јавноста. Обвинителството треба да докаже дека бил незаконски добиен, а одбраната дека парите се на неговите родители, добиени од продаден имот. Денеска адвокатот на судијата Ристов поднесе жалба до Кривичниот суд за мерката притвор.
-
Македонија 22.01.2026 12:29
Герасимовски најави финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности, јавен повик за граѓанските организации
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на Општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
-
Македонија 22.01.2026 12:28
Општина Кисела Вода инвестира во спортската инфраструктура, унапредени условите во спортската сала „Независна Македонија“
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска изврши увид во спортската сала „Независна Македонија“, која се наоѓа во кругот на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, каде што се реализираа повеќе зафати за унапредување на условите во овој спортски објект.
-
Македонија 22.01.2026 12:14
Средба Ѓорѓиевски- Лосон, можности за продлабочување на соработката
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, како и со делегација од Обединетото Кралство, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу Скопје и Обединетото Кралство.









