Снегот никого не изненади на превојот Плетвар. Екипите го одржуваат патот без проблеми, а подготвени се за секакви временски промени.
Сообраќајот непречено се одвива на сите патни правци во Прилепскиот регион. Од „Македонија пат“ велат дека се добро опремени со материјал и механизација










