Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на покана на министерот за внатрешни работи на Унгарија, Шандор Пинтер, во периодот од 14 до 16 јануари реализираше билатерална посета на Министерството за внатрешни работи на Унгарија, со цел продлабочување на безбедносната соработка и размена на к
-
Македонија 16.01.2026 15:17
-
Македонија 16.01.2026 13:52
Хоџа и Филипиду разговараа за прекуграничната соработка во заштитата на животната средина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду, на која беа разгледани приоритетите на билатералната соработка во областа на животната средина.
-
Македонија 16.01.2026 13:37
Премиерот најави добра вест од САД, по блокадата за иселеничките визи
По блокадата на САД за запирање на постапката за издавање на иселенички визи, премиерот вели очекувајте добра вест од САД. Според опозициската СДСМ со мерката Вашингтон испрати јасна порака дека постои недоверба во институциите на државава и очекуваните реформи не се спроведуваат. -
Македонија 16.01.2026 13:23
По празниците повеќекратно зголемен бројот на заболени од грип во Охрид
По празничните забави, прослави и зголемениот број туристи, во Охрид повеќекратно зголемен бројот на заболени од грип. Само во втората недела од јануари регистрирани се 202 нови случаи, што е за околу 70% повеќе од лани.
-
Македонија 16.01.2026 13:21
Истрага за 20 лица, направиле милионска штета
Вработени во дирекцијата на УЈП, газди и управители на фирми, повеќе лица се упасени во акцијата за разбивање на злосторничко здружување и перење пари. Обвинителството отвори истрага за серија кривични дела со даночни малверзации. -
Македонија 16.01.2026 13:17
Расправа за измените на Кривичниот законик
Во Собранието јавна расправа за Предлог-законските корекции за Кривичниот законик предложени од група пратеници, целта да се постапи по барањето на Уставниот суд за заострување на казнената политика за кривични дел поврзани со корупцијата.
-
Македонија 16.01.2026 12:26
20 лица под истрага за штета на буџетот на државата од големи размери
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата.
-
Македонија 16.01.2026 12:23
Вонреден надзор во кавадаречката болница
Во тек е вонреден инспекциски надзор во кавадаречката болница каде што завчера почина двомесечно бебе. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја проверува целокупната документација на бебето од матичен лекар до болницата.
-
Македонија 16.01.2026 11:55
Грипот продолжува да се шири
Бројот на заболени од грип е во постојан пораст – најзесегнати децата и хронично болните. Здравствените власти ја следат состојбата – продолжување на зимскиот распуст нема да има, бидејќи бројките не се алармантни и нема потреба од дополнителни мерки.
-
Македонија 16.01.2026 11:01
Свечена заклетва на новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес
Свеченост за давање заклетва на новопримените професионални војници ќе се одржи денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во Центарот за индивидуална обука кој е во состав на Командата за обука и доктрини на Армијата.










