• Македонија 25.01.2023 09:33

    ВМРО-ДПМНЕ: МВР ќе плаќа 1/3 поскапа храна од лани

    МВР ќе плаќа 1/3 поскапа храна од лани, добитник на тендерот е фирма чиј сопственик е близок до Спасовски.

  • Македонија 25.01.2023 08:39

    Магла на Ѓавато

    Намалена видливост поради магла до 80 метри има на планинскиот превој Ѓавато, информира АМСМ.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

  • Македонија 25.01.2023 08:33

    Османи на прва посета на теренската мисија на ОБСЕ во Скопје

    Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денеска ќе оствари своја прва посета на теренска мисија во својство на претседавач, со посета на мисијата на ОБСЕ во Скопје при што ќе ги разгледа и разговара за проектите кои мисијата на ОБСЕ ги имплементира во рамките на својот мандат.

  • Македонија 25.01.2023 08:30

    ЕУ проект „Поддршка за слободата на изразување“

    Делегацијата на Европската Унија денеска јавно ќе го означи почетокот на проектот „ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“.

  • Македонија 25.01.2023 08:23

    Традиционална крводарителска акција во чест на Тоше Проески

    Под мотото „За Тоше со Љубов“ денеска, по деветнаесетти пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со ИТМ ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводар

  • Македонија 25.01.2023 08:19

    Три седници на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата

    Во Собранието на Република Северна Македонија денеска Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе одржи три седници.

    На дневен ред на 16-тата седница на Комисијата е Утврдување предлог за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

  • Македонија 25.01.2023 08:15

    Ковачевски и Шаќири во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

    Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска ќе го посетат Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

    Како што информираат од Владата, двајцата ќе ги разгледаат лабораториите во просториите на Кампус 2 на штипскиот универзитет.

     

  • Македонија 25.01.2023 08:11

    Облачно со слаб дожд

    Времето денеска ќе биде претежно облачно и ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

    Попладне, во западните и југозападните делови од земјата ќе има врнежи од дожд, a на планините и на повисоките места се очекуваат врнежи од снег, информираат од УХМР.

  • Македонија 25.01.2023 08:03

    Спасовски, Османи и Вал во посета на Полицискиот центар Ѓорче Петров

    Во посета на Полицискиот центар Ѓорче Петров во Скопје денеска ќе бидат делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски, како и делегација од Министерството за надворешни работи, предводена од Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи.

  • Македонија 25.01.2023 08:00

    Во Собранието продолжува 100. седница

    Во Собранието денеска продолжува 100. седница, на која прва точка за расправа е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка.

Pages