Позитивната оценка од Венецијанската комисија му даде зелено светло на Законот за јавно обвинителство за влез во владина процедура.
-
Македонија 30.12.2025 12:57
-
Македонија 30.12.2025 12:34
Целосен прекин на сообраќајот Струга - Ќафасан поради превртена цистерна
Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот, информираат од МВР.
-
Македонија 30.12.2025 11:37
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, тутун и цигари без документација
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.В.(50) од село Војшанци, неготинско, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 537 парчиња пиротехнички средства, тутун и цигари без бандероли.
-
Македонија 30.12.2025 11:31
И денес блокади на граничниот премин Евзони
Како и претходните три дена, така и денес, грчките сточари и земјоделци планираат две четиричасовни прекини на сообраќајот на граничниот премин Евзони кон нашата држава.
-
Македонија 30.12.2025 10:29
Утрово најстудено во Берово
Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -9 степени.
Веднаш по него се и -8 степени во Скопје-Петровец, Битола, Струмица, -7 во Тетово, Прилеп, Велес, Штип, Демир Капија, -6 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Кавадарци, -5 во Гевгелија, -4 во Охрид, -3 во Претор, Виница.
-
Македонија 30.12.2025 09:25
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
-
Македонија 30.12.2025 09:04
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 26-та седница
Повеќе точки поврзани со годишното планирање и со постапувањето по предмети во надлежност на Комисијата се на дневниот ред на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
-
Македонија 30.12.2025 08:23
Претпладне сончево, попладне облачно
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 29.12.2025 20:51
Лишен од слобода скопјанец, при преглед на возилото пронајдена дрога
Денеска во 07:40 часот по преземени оперативно тактички мерки од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР лишен од слобода е С.J.(29) од Скопје.
-
Македонија 29.12.2025 20:22
Игор Станишев и Кристијан Стефановски прогласени за најдобар пожарникар и полицаец во Скопје
Игор Станишев е избран за најдобар пожарникар, а Кристијан Стефановски за најдобар полицаец во Скопје за 2025 година. Признанијата денеска ги додели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.









