Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 09.12.2025 11:34
-
Македонија 09.12.2025 10:45
Граѓаните за даноци кон Град Скопје должат над 36 милиони евра
Град Скопје ги повика граѓаните и компаниите да ги подмират неплатените обврски за данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комуналната такса-фирмарина, во најкраток рок.
-
Македонија 09.12.2025 09:39
Земјотрес регистриран утрово во Македонија
Рано утрово, во 02:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на земјата.
Според податоците од апликацијата за сеизмичка активност, земјотресот бил со јачина од 2,0 степени по Рихтер и длабочина од 15 километри.
-
Македонија 09.12.2025 09:26
Советот на јавни обвинители денеска ќе избира нов претседател
Советот на јавни обвинители на РМ, денеска ќе ја одржи 32. седница на која треба да биде донесена одлука за избор на нов Претседател на Советот.
-
Македонија 09.12.2025 09:10
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ е нормализиран
По повеќе 10 часа блокада сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ е нормализиран, соопштуваат од АМСМ. Овој премин беше во целосна блокада и за влез и излез од државава поради штрајкот на земјоделците на Грција.
-
Македонија 09.12.2025 08:53
Средба на премиерот Мицкоски со генерал-мајор Грегори Најт
Премиерот Христијан Мицкоски рано утринава се сретна со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.
-
Македонија 09.12.2025 08:45
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Поради појава на магла има намалена видливост на планинските премини Ѓавато и Пресека. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.
-
Македонија 09.12.2025 08:23
Седница на Постојаната анкетна комисија за пожарот во кочанската дискотека
Денеска треба да почне седницата на Постојаната анкетна комисија во рамките на законодавниот дом на која ќе се расправа за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.
-
Македонија 09.12.2025 08:14
Сончево со мала до умерена локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
-
Македонија 08.12.2025 20:13
Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко
Денеска во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија, информираат од МВР.










