Владата на Република Северна Македонија на денешната 65-та седница донесе Одлука за измена и дополнување на Протоколот за редовна работа на моловите, со кои работното време на овие објекти се определува во периодот од 10:00 до 22:00 часот, со исклучок на недела кој останува неработен ден.
-
Македонија 12.06.2020 22:16
-
Македонија 12.06.2020 22:11
Заев и Мицкоски не договорија датум за избори, комуникацијата продолжува
Без договор заврши средбата на лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со претседателот Стево Пендаровски, околу одржувањето на изборите, но според најавите од соопштението на претседателскиот Кабинет, комуникацијата на лидерите ќе продолжи.
-
Македонија 12.06.2020 17:57
Брнз: На Македонија и се потребни избори согласно законите и Уставот
Амбасадорката на САД во државава Кејт Мари Брнз во изјава за МИА порачува дека е важно во земјава да се одржат избори затоа што, како што истакнува на Северна Македонија и се потребни потполно функционални институции за справување со сите предизвици, вклучително и со кризата со КОВИд-19.
-
Македонија 12.06.2020 17:33
Грција на 1 јули ќе ја отвори границата со Македонија, но само преминот Евзони
Копнените граници со Северна Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не на 15 јуни како што првично беше најавено, а ќе функционираат само неколку гранични премини, од кои само Евзони (Богородица), кон нашата земја.
-
Македонија 12.06.2020 14:39
Заев и Мицкоски на средба кај претседателот Пендаровски
На покана на претседателот Стево Пендаровски денеска во 18:30 часот ќе се одржи средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопштија од претседателскиот кабинет.
-
Македонија 12.06.2020 13:26
Нови 164 случаи на Ковид-19, двајца починати, оздравени 12 пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1,
-
Македонија 12.06.2020 13:16
Потпишани првите договори со Центрите за развој на планските региони
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, ги потпиша првите договори со Центрите за развој на планските региони, за Јавниот повик преку Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за капитални субвенции.
-
Македонија 12.06.2020 13:13
ФИТР: Наградени проекти од 39 училишта на „Предизвик за млади истражувачи 3“
Триесет и девет проекти на основни и средни училишта од целата држава, се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3“ кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведува во соработка со Министерството за образование и наука.
-
Македонија 12.06.2020 12:47
ДИК ги започна активностите за продолжување на дејствијата за парламентарните избори
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на работен состанок ја разгледува владината Уредба за продолжување на изборните дејствија за параламентарните избори и врз основа на неа ќе ги започне активностите за гласање.
-
Македонија 12.06.2020 12:21
Пендаровски: Нема потреба за нова вонредна состојба
Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба да прогласи нова вонредна состојба. Тој во денешното обраќање до јавноста рече дека постои законска регулатива во случај да има потреба да се применуваат мерките како што се полициски час или воведување други превентивни мерки.










