Заев и Мицкоски на средба кај претседателот Пендаровски
Пендаровски во своето обраќање до јавноста денеска побара од лидерите на најголемите политички партии, Заев и Мицкоски, да најдат решение во однос на тоа кога би се одржале изборите.

На покана на претседателот Стево Пендаровски денеска во 18:30 часот ќе се одржи средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопштија од претседателскиот кабинет.
Пендаровски во своето обраќање до јавноста денеска побара од лидерите на најголемите политички партии, Заев и Мицкоски, да најдат решение во однос на тоа кога би се одржале изборите.
Тој смета дека лидерска средба во форматот кој го имале до сега два пати, нема да има потреба да се одржи повторно, затоа што позицијата на другите лидери е изборите да се одржат на 5-ти или 19-ти јули.
