Полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, да трае од сабота во 19 часот до 05 во вторник, е денешниот предлог на Комисијата за заразни болести што е доставен до Владата.
-
Македонија 20.05.2020 15:45
-
Македонија 20.05.2020 15:33
Изграден посебен влез за возилата на итната медицинска помош во клинички центар
Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, направија обилколка на клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ од главниот влез на кампусот, каде, со поддршка на Владата на Република Северна Македонија е извршена реконструкција на јавните површини со цел непречено
-
Македонија 20.05.2020 15:28
Извршени вкупно 2.895 вонредни инспекциски надзори од 12-ти до 18-ти мај
Инпсекциските служби во периодот од 12 до 18 мај годинава извршиле вкупно 2.895 вонредни инспекциски надзори за почитување на сите препораки и мерки за спречување на ширење на корона вирусот.
-
Македонија 20.05.2020 15:20
Се пушта во употреба новиот паркинг во Клинички центар
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска направија обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ и извршија увид во големиот број градежни активности што се вршеа изминатиов период.
-
Македонија 20.05.2020 15:10
Одобрен пакетот помош за Северна Македонија и другите соседни земји на ЕУ
Советот на ЕУ попладнево го одобри пакетот финансиска помош за десет соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија.
Пакетот помош изнесува над три милијарди евра макрофинансиска помош за земјите од Западниот Балкан, плус Грузија, Јордан, Молдавија, Тунис и Украина.
-
Македонија 20.05.2020 14:42
Адеми: 12 милиони евра поддршка од Владата преку платежни картички и ваучери за млади до 29 години
Три типа на парична поддршка за младите во Северна Македонија со цел нивно полесно прилагодување на новата реалност, преку одржување на нивото на ученичкиот и студентскиот стандард, како и на куповната моќ, предвидува третиот сет мерки на Владата за поддршка на стопанството и граѓаните во услови
-
Македонија 20.05.2020 14:29
Филипче: Уште е рано за отворање на границите
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека се уште е рано да се отворат границите затоа што, според него, доколку се отворат огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии можно е да паднат во вода.
-
Македонија 20.05.2020 13:59
Полицискиот час за викендот од 19 часот во сабота до 05 во вторник, предлага Комисијата за заразни болести
Полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, ќе трае од сабота во 19 часот до 05 во вторник.
-
Македонија 20.05.2020 12:18
Вечерва пороен дожд и грмежи, утре посвежо и врнежи
УХМР за утре најавува облачно и значително посвежо време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
-
Македонија 20.05.2020 11:51
Нови 19 случаи на Ковид-19, четворица починати, оздравени 16 пациенти
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3.





