Одобрен пакетот помош за Северна Македонија и другите соседни земји на ЕУ

20.05.2020 15:10

Северна Македонија треба да добие 160 милиони евра помош. Најголем износ е предвиден за Украина, со 1,2 милијарди евра.

Советот на ЕУ попладнево го одобри пакетот финансиска помош за десет соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија.

Пакетот помош изнесува над три милијарди евра макрофинансиска помош за земјите од Западниот Балкан, плус Грузија, Јордан, Молдавија, Тунис и Украина.

Северна Македонија треба да добие 160 милиони евра помош. Најголем износ е предвиден за Украина, со 1,2 милијарди евра.

Помошта земјите ќе ја добијат во облик на заеми под поволни услови за да се справат со најитните последици од кризата со коронавирусот.

Заедно со Меѓународниот монетарен фонд, овие фондови ќе помогнат да се зајакне макрофинансиската стабилност и да се создаде простор да се овозможи овие ресурси да бидат насочени кон заштита на граѓаните и ублажување на негативните социоекономски последици од пандемијата на коронавирусот, соопшти Советот на ЕУ.