Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие (24/25.03) на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле п
-
Македонија 25.03.2020 15:44
-
Македонија 25.03.2020 15:40
Чулев во посета на полициските службеници кои го обезбедуваат карантинот во центарот на Скопје
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ги посети полициските службеници кои ги обезбедуваат лицата сместени во државниот карантин во центарот на Скопје. Карантинот во траење од 14 дена се воведува за сите македонски државјани кои се враќаат во нашата земја.
-
Македонија 25.03.2020 14:48
МВР: Стабилна безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа
Безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, е стабилна. Непречено се реализираат мото-патролите што ги спроведуваат полициските службеници. -
Македонија 25.03.2020 14:44
Петмина го прекршиле полицискиот час во Скопје, побарани казни
Против пет лица од Скопје Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 25.03.2020 14:24
Дезинфекција на училиштата, градинките и домот за стари во Аеродром
Деновиве почна да се врши дезинфекција на сите објекти на основните училишта и на градинките на територијата на Општина Аеродром, а беа дезинфицирани и сите влезови на домот за стари „Аеродром“.
Ова е дел од мерките кои се преземаат како заштита и превенција од вирусот Ковид – 19.
-
Македонија 25.03.2020 14:19
Скопјанец обвинет заради непочитување на задолжителната самоизолација
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 25.03.2020 14:06
Министерството за здравство со упатство за граѓаните за закажување на тестирање за коронавирус кај матичен лекар
Закажувањето на земање брисеви се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар.
-
Македонија 25.03.2020 13:27
Јавен повик за организирање на авионски превоз за македонските државјани од Берлин, Бон и Минхен
Владатa на Република Северна Македонија објави Јавен повик за организирање на авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата (https://vlada.mk/node/20714).
-
Македонија 25.03.2020 12:36
Нови 29 случаи на Ковид-19, вкупно 177
Во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив 20 во Скопје, по тројца заболени во Куманово и во Велес, два случаи во Прилеп и еден во Дебар.
-
Македонија 25.03.2020 12:12
Димитров- Борел: Координација, солидарност и конкретни начини за поддршка за Западен Балкан од ЕУ
Министерот за надворешни работи Никола Димитров телефонски разговараше со Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, во светло на донесувањето позитивна одлука од Советот за општи работи за започнување пристапни пре








