По најавата од премиерот Мицкоски дека владата идната недела ќе назначи повереници во четирите општини кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија ќе бара измени во Изборниот законик.
-
Македонија 08.11.2025 18:37
-
Македонија 08.11.2025 17:28
Еден месец од примената на ЕЕС системот за влез во ЕУ
Речиси месец дена трае имплементацијата на новиот систем за регистрација на патниците што влегуваат во земјите членки на Шенген зоната. Кабина за регистрација со фотографирање и земање отисок од прсти на патниците има и на т грчкиот граничен премин Евзони. Работи по еден, до два часа.
-
Македонија 08.11.2025 16:53
Центар за побезбеден интернет и во Македонија
Сајбер булинг, сајбер груминг, интернет заканите на малициозен софтвер земаат замав. Лажните профили ги фаќаат во замка корисниците на социјални мрежи, а лажни реклами и попусти ги празнат џебовите на корисниците. Студентот Валентин Стојановски смета дека интернетот станува преопасен.
-
Македонија 08.11.2025 16:12
Во пораст респираторните болести во охридскиот регион
Во пораст респираторните болести во охридско струшкиот регион. Најпогодени се децата до шест години. Лани, болестите на респираторниот систем учествувале со стапка од 1.191 на 1.000 мали деца.
-
Македонија 08.11.2025 15:37
Реакции по коруптивниот скандал во Платежната агенција
Министерот за земјоделство нема да поднесе оставка за корупцискиот скандал во Платежната агенција, велејќи дека таа е посебна институција, којашто има посебен менаџмент и управувачко тело, коешто работи согласно нивниот план.
-
Македонија 08.11.2025 14:44
Продолжува генералката во Скопје
Екипите на „Комунална хигиена“ чистат на места во градот каде што сè уште не поминале. Над стотина камиони на терен. Така ќе биде сè додека Скопје не стане целосно исчистено. Работниците од „Комуналец“ продолжуваат да собираат отпад од корпите, контејнерите и околу нив.
-
Македонија 08.11.2025 13:51
Кумановската болницата остана без анестезиолог, недостасува и средно медицински персонал
Кумановската болница која опслужува околу 200.000 жители од североистокот, остана без анестезиолог. Последните две заминуваат во пензија. Проблемот се решава со дежурства на лекари, од установите од останатите градови и Скопје.
-
Македонија 08.11.2025 12:04
Жените земјоделки бараат пристап до права
Од утро довечер е на нивата, со производството, а потоа со семејството. Елизабета Олиманова е рурална жена, земјоделка од прилепското село Славеј. Се бори за поголемо производство, за подобар пласман, за здраво семејство. Вели, земјоделството го лекувале многу, но со погрешна дијагноза.
-
Македонија 08.11.2025 11:22
Обвинение за организација на борби со кучиња
Грчки државјанин сопственик на куче “пит бул”, косовски државјанин сопственик на куче од расата “американски стафорд”, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 08.11.2025 10:38
Сообраќајот по влажни коловози, нема подолги задржувања на границите
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










