Име со географска одредница кое нема да задира во идентитетот и достоинството на двете страни- ова е ставот на македонската Влада, вели премиерот Зоран Заев. Не прецизираше за каква одредница станува збор, но посочи дека Уставот на Република Македонија веќе бил променет.
-
Македонија 07.02.2018 14:54
-
Македонија 07.02.2018 14:05
Следната недела нова средба на Нимиц со Димитров и Коѕијас
Нова средба во рамките на процесот за преговори под посредништво на медијаторот Метју Нимиц на министерско ниво ќе се одржи следната недела, потврди на денешната прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 07.02.2018 13:53
Метео: Променливо облачно, локален дожд и слаб снег на планините
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во утринските часови на места ќе има појава на локален дожд и слаб снег на планините.
Попладне облачноста ќе се намали и ќе настапи стабилизирање на атмосферата.
-
Македонија 07.02.2018 12:58
Груби на средби во Вашингтон, побара САД да се вклучат во решавањето на спорот со името
Претседателот на Собраниската група за пријателство со САД, пратеникот Артан Груби, и воедно претседател и на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, ја продолжи службената посета на САД со средби со повеќе свои колеги во Конгресот.
-
Македонија 07.02.2018 12:54
Средба Мицкоски- Палмер во Вашингтон
Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Вашингтон остварил работна средба со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој е дојден на местото на Хојт Ји во Стејт Департментот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 07.02.2018 12:50
Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РM- ЕУ во Стразбур
Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија- Европска Унија, по подолго време ќе се одржи денес и утре во Европскиот Парламент во Стразбур.
-
Македонија 07.02.2018 12:40
Оптимизам и подготвеност за решение на прашањето за името
Владата не открива повеќе детали по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека се подготвени за име со географска одредница. Остануваат дискретни по прашањето за да не му наштетат на преговарачкиот процес.
-
Македонија 07.02.2018 12:18
Таблите со новите имиња на аеродромот и автопатот по објавување во „Службен весник“
Постапката за преименување на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10 и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе почне по објавување на владината одлука во „Службен весник“.
-
Македонија 07.02.2018 11:15
Димитров на состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РM- ЕУ во Стразбур
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Европскиот Парламент во Стразбур ќе учествува во работата на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија- Европска Унија, соопшти МНР.
-
Македонија 07.02.2018 11:03
Косово им исплати по 10.000 евра на семејствата на загинатите и осудените во „Дива населба“
Косовското Министертво за финансии ја реализираше одлуката на Владата за загинатите и осудените за настаните во кумановската „Дива населба“ во мај 2015-та година.








