Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 53-та седница, на чиј дневен ред се 73 точки.
-
Македонија 06.02.2018 11:03
-
Македонија 06.02.2018 10:58
ВМРО-ДПМНЕ: Што договорил Заев во Давос со Ципрас?
Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас? Зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на договорот? Што се крие од македонската јавност- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 06.02.2018 10:54
Водостоите на реките двојно зголемени
Водостоите на сите реки во Македонија со исклучок на Црн Дрим и Брегалница се високи по обилните врнежи од дожд.
-
Македонија 06.02.2018 10:41
Рочиште за случајот „Сопот“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд е закажано рочиште за случајот „Сопот“. Случајот е од 2003-та година, кога загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин, откако теренско возило на НАТО нагази на мина.
-
Македонија 06.02.2018 10:16
ЕК ќе ја презентира Стратегијата за Западен Балкан
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата, Федерика Могерини ќе ја презентираат Стратегијата за Западен Балкан.
-
Македонија 05.02.2018 16:01
Спасовски: Зачестените контроли и казни треба да ги подигнат сообраќајната безбедност и култура
Возачите во Македонија возат брзо и под дејство на алкохол. Во полициските билтени овие два прекршока се најчести. При една полициска акција во Скопје 40 проценти од возачите пиеле пред да седнат зад воланот. Контролите и казните треба да ја подигнат сообраќајната безбедност и култура.
-
Македонија 05.02.2018 15:56
Метео: Нови врнежи од дожд се очекуваат во среда
Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Можна е појава на слаби локални врнежи од дожд особено во југоисточните делови.
-
Македонија 05.02.2018 15:55
Одблокирана постапката за полагање лекторски испит
Наместо електронски, пред комисија- по четири години застој, се одблокира постапката за полагање лекторски испит. Од Министерството за култура велат дека постапката била оневозможена по измените на законот во 2013-та година, кога се вовело компјутерско полагање за лекторска лиценца.
-
Македонија 05.02.2018 15:51
МАНУ и БАН ќе помагаат за реализација на Договорот за добрососедство
Прва средба меѓу Македонската и Бугарската Академија на науките по ратификацијата на Договорот за добрососедство. Претседателите Таки Фити и Јулијан Ревалски велат дека се подготвени со целата своја експертиза да им помогнат на Владите на Македонија и Бугарија да ги реализираат зацртаните цели.
-
Македонија 05.02.2018 15:34
ЗОИ 2018 во Пјонгчанг и ЛОИ 2020 во Токио ексклузивно на МРТ
Македонската Радио Телевизија со гордост информира дека на нејзините програми ексклузивно ќе ги емитува настаните од 23-те Зимски Олимписки игри во Пјонгчанг, коишто ќе се одржат од 9-ти до 25-ти февруари оваа година.










