Универзитетите и официјално ги отворија вратите за студентите. Почна новата академска година. За некои враќање во клупите, за бруцошите „огнено крштевање“ во новата средина.
Александра Велинова ја следеше церемонијата на УКИМ.
Универзитетите и официјално ги отворија вратите за студентите. Почна новата академска година. За некои враќање во клупите, за бруцошите „огнено крштевање“ во новата средина.
Александра Велинова ја следеше церемонијата на УКИМ.
Изборните карвани растрчани низ Македонија. Трет ден кампања за локалните избори. Коалициите, партиите и независните кандидати за градоначалници и советници водат битка да ја освојат довербата на избирачите.
Миле А. Ристески известува.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Копенхаген, Кралство Данска, заради учество на Седмиот состанок на Европската политичка заедница.
70 проценти од рано дијагностицираните пациентки со рак на дојка, своите испитувања ги прават приватно. Причината е што многу долго се чека термин за биопсија и патологија, па пациентките се принудени да плаќаат од свој џеб. Ова го покажала анкетата на „Хема-Онко“ на 200 испитаници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година.
Скопје денеска и утре е домаќин на Самитот за дигитализација на Западен Балкан (WBDS) 2025, што го организираат Министерството за дигитална трансформација на Северна Македонија и Советот за регионална соработка (RCC).
Вчера во 17:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.Б.(34) од Радовиш, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана.
Денеска во периодот од 10.00 до 12.00 часот поради одржување на протест, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Гоце Делчев“ на потегот од крстосница со ул.„Филип 2-ри Македонски“ до крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ во насока на движење кон Влада на РСМ и бул.„Илинден“ во двете насоки на дви
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез денеска ќе престојува во официјална посета на Министерството за одбрана.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.