Одекна првото училишно ѕвонче повикувајќи ги првачињата на час. Некои со насмевки и возбуда на лицата, други со солзи, носејќи ги тешките ранци итаа кон училниците. Играчките ќе ги заменат со книги.
-
Македонија 01.09.2025 17:36
-
Македонија 01.09.2025 16:38
Потребен е сериозен и државнички пристап за деблокирање на евроинтеграциите, вели Филипче
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, оцени дека е потребен сериозен и државнички пристап за деблокирање на европската интеграција на Македонија според него ние како земја практично сме во фаза како преговорите да сме ги напуштиле.
-
Македонија 01.09.2025 16:23
Успешен старт на учебната година
Над 245.000 основци и средношколци по седум години ги добија новите книги. Учебници се испечатени и за странските јазици, но и за учениците во седмо одделение и средношколците од прва година кои ќе учат по новата концепција.
-
Македонија 01.09.2025 15:56
Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 82 лица за безобѕирно управување на возило
Во периодот од 01.08.2025 до 31.08.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале про
-
Македонија 01.09.2025 15:37
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 170 примероци од 46 мерни места.
-
Македонија 01.09.2025 15:10
Лишен од слобода дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана
Синоќа околу 19 часот на ул. „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје.
-
Македонија 01.09.2025 13:50
Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година
Македонија е на 51-во место на најновото рангирање на Глобалниот индекс за мир 2025-та, што е пад за четири позиции во однос на лани во услови на влошена глобална безбедносна состојба.
Најмирни држави во светот се Исланд, Ирска и Нов Зеланд. Најнемирни се Украина и Русија.
-
Македонија 01.09.2025 13:44
Почна судењето за екс-директорот на Геријатрија
Во скопскиот Кривичен суд почна судењето против поранешниот директор на Геријатриската болница Мухсин Арифи и неговиот соработник, обвинети за примање поткуп. Парите што ги побарале требало да обезбедат место во установата за сместување на пациентка која била во тешка здравствена состојба.
-
Македонија 01.09.2025 13:37
Филипче: Резолуција за црвените линии
„Власта има лоши економски политики, не води грижа за работниците во кој било сектор и нема најава за зголемување на платите“ вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во однос на надворешната политика, владата бега од уставни измени и ја кочи земјава на патот до Европската унија.
-
Македонија 01.09.2025 13:37
Локални избори: Листи за градоначалници и советници
На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за локалните избори. Според податоците на Државната изборна комисија, потписи за градоначалници се собирале во 16 општини за вкупно 22 кандидати. Како се распоредени?










