На 22.07.2025 во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(31) од Куманово, информираат од МВР.
-
Македонија 23.07.2025 14:08
-
Македонија 23.07.2025 13:50
Средба Муцунски - Герапетритис
Министерот за надворешни Муцунски во работна посета на Атина на средба со неговиот домаќин шефот на грчката дипломатија Герапетритис. Во фокусот на разговорите зајакнувањето на соработката меѓу двете земји.Од Атина известува Милчо Велески. -
Македонија 23.07.2025 13:42
Здравствената состојбата на Гаши е стабилна, се прават детални анализи
Претседателот на Собранието Африм Гаши е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија во клиничкиот центар. Неговата состојба е стабилна и поминува низ детални здравствени прегледи – потврдуваат од Собранието.
-
Македонија 23.07.2025 13:35
Отворена нова амбуланта во Илинден
Отворена нова амбуланта во Илинден. Ќе се даваат и примарни и секундарни здравствени услуги. Премиерот Мицкоски вели не градиме само објекти, туку доверба и достоинство и нова надеж во македонското здравство.
Андријана Ѓурческа известува.
-
Македонија 23.07.2025 13:30
Мал интерес за огласот за пожарникари
Не стивнуваат и пожарите. Евидентирани вкупно 37 на отворен простор. 5 активни, 3 под контрола, 29 се изгаснати. Каква е ситуацијата во велешко, завршува и огласот за вработување пожарникари?Петар Печков известува. -
Македонија 23.07.2025 13:26
Зголемен број повици кон Итната медицинска помош
Топлотен бран, температури над 40-тиот степен. Екстремно зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош, најчести се колапсите во автобуси.
-
Македонија 23.07.2025 11:30
Претседателот на Собранието синоќа примен во болница
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Според болнички извори, Гаши бил примен со болки, но без крвавење и други посериозни симптоми.
-
Македонија 23.07.2025 10:45
МВР: Предупредување за измама на социјалните мрежи
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малопродажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма“ поради оштетена амбалажа.
-
Македонија 23.07.2025 09:38
Спречен обид за подметнување пожар
Шумочуварите на Осоговските планини, во месноста Алтн Врв, спречиле обид за подметнување пожар, на тешко пристапен дел, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
-
Македонија 23.07.2025 09:17
Зголемена фреквенција на граничните премини
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце за влез и на граничниот премин Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30-40 минути.










