Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце за влез и на граничниот премин Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30-40 минути.
-
Македонија 23.07.2025 09:17
-
Македонија 23.07.2025 08:46
ЦУК: Изгаснати се вкупно 29 пожари на отворено, пет се активни
До 7:30 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари.
-
Македонија 23.07.2025 08:36
Многу топло со температури над 40 степени
Топлото време со високи температури кои наместа ќе надминуваат 40 степени продолжува и денеска. Синоптичарите најавуваат промена на времето во недела кога се очекува пороен дожд и гржеми и опаѓање на дневната температура.
-
Македонија 23.07.2025 08:31
Министерот Муцунски во работна посета на Атина
Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во работна посета на Атина. Ќе оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Гераптеритис.
-
Македонија 22.07.2025 19:41
Министерот Алиу оствари средба со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи
Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Билјана Димитрова, и со претставници од Агенцијата.
-
Македонија 22.07.2025 17:38
Владата со препорака за работодавачите поради високите температури
Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, како и овозможување работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо, о
-
Македонија 22.07.2025 17:32
Иницијатива за разрешување на Татјана Димитровска
„Левица“ бара Комисијата за избори и именувања да поднесе заклучок до Собранието за разрешување на Димитровска откако таа стана обвинета за оддавање службена тајна, но и за тоа што му дозволила на друг во нејзино име да полага за безбедносен сертификат.
-
Македонија 22.07.2025 17:18
Македонија под вршник, температури до 42 степена
Вклучен е црвениот метеоаларм, температурите надминаа 40 степени. Во сила се препораките за заштита на населението. Особено внимателни треба да бидат луѓето со кревко здравје и хронични болести.
-
Македонија 22.07.2025 16:47
Предметот историја се враќа како посебен предмет во училиштата
Сменета е програмата за историја за седмо одделение. Од септември повторно се враќа посебниот предмет историја, што со тогашната концепција на претходната влада, со други предмети беше интегриран во општествените науки.
-
Македонија 22.07.2025 15:17
Се вработуваат 124 лица медицински персонал во прилепската болница
Прилепската болница вработува 124 лица медицински персонал. Нивните договори на одредено ќе се трансформираат на неодредено време. Според болницата во голем дел се надминува проблемот со персоналот.
Во втората фаза ќе се вработат уште 10-тина специјализанти.










