Економија

Расте бројот на социјално загрозени пензионери во струшко

12.11.2023 11:24

Во пораст бројот на социјално загрозени пензионери во струшко. Здружението на пензионери од Струга секојдневно добива барања за помош за лекови, храна и сметки.

Зголемен бројот на социјално загрозени пензионери во струшко. Се поголем број граѓани од третата доба бараат финансиска помош од Здружението на пензионери за лекови, за храна, за сметки.

Со поскапувањето на цените, голем дел од пензионерите живеат на работ на сиромаштија, доведедени во состојба да молат за еднократна финансиска поддршка.

За жал не можат, а тоа е грижа на државата. Запрепастувачки е тоа што имаат некои 9.000 некои 10.000 денари е сега замислете колку таа фамилија може да преживее со тие пари. Наспроти за жал она што го читаме зголемување на плати на функционери до 78%, како тоа може јас не знам до каде ќе одиме вака“, вели Милорад Трпоски- претседател на Здружението на пензионери од Струга.

Ако го наполнат фрижидерот, ќе немаат пари за сметки и лекарства. Се жалат и оние кои имаат повисоки пензии од минималната, бараат зголемување.

„Ако нема помош, со овие пензии што се овде тешко е. Ако нема некој од децата да му помага. Тешко е не стигаат, се е поскапено“.

„Ние средно скромно. Со една тешко, ние сме двајцата пензионери и само за нас е“.

„За тешко, тешко е„.

„Никако, никако не можеме да се прехраниме. Со што ќе живееме ние, ништо немаме“.

„Не може да се платат сметките се високи ние повеќе сме со лекарства“.

Најниска пензија во земјава во месец август била 11.897 денари и ја зедоа 2.663 пензионери. Нивната пензија сега е зголемена за 630 денари.

 

Соња Рилковска