Премиерот Ковачевски учествува на 20-от Виенски економски форум
По оваа нова геостратешка динамика што ја имаме во Европа, клучниот збор е интеграцијата, не само во ЕУ туку и во НАТО. Затоа интеграцијата мора да се случува во политичкиот дел, но и во економскиот дел, истакна меѓу другото премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на панел-сесијата „Градење економска соработка во тешки времиња“, во рамки на 20-от Виенски економски форум. Еврокомесарот Џентолини му пренесе на Ковачевски дека за земјава е обезбедена е макрофинансиска помош од 100 милиони евра.

Европската унија обезбедила 100 милиони евра макрофинансиска помош за земјава, комесарот за економија Паоло Џентолини му ја соопшти оваа вест на премиерот Ковачевски на средбата во рамките на Виенскиот економски форум. Тој ветува дека пристапните преговори ќе ни донесат уште европски пари. Ковачевски со уверување дека интеграциите се клучни не само од политички туку и од економски аспект. Во однос на економијата и енергенсите Ковачевски истакна дека сме лидери во регионот во однос на инсталирањето на обновлива енергија со речиси 600 мегавати соларна, на ветер и биогас кои произведуваат струја доволна да задоволи потреби на 198 илјади домаќинства во земјата
„Дополнително го почнавме процесот на декарбонизација (горива од фосилни извори). Во еден од рудниците за јаглен, бидејќи лигнитот беше извор на енергија во земјата со децении, ние тоа го менуваме и инсталираме централи на соларна енергија. Првите 10 мегавати се веќе во мрежата, и следните 110 мегавати ќе се произведуваат во иднина. Од земја којашто наголемо купуваше струја, успеавме да го намалиме увозот за повеќе од 50 насто и ќе успееме во јануари да извеземе дел од енергијата. Имаме закони и имаме соработка со соседите“, изјави премиерот Ковачевски.
Говорејќи на Форумот премиерот, истакна дека до крајот на годинава ќе почнеме со проектот на управување и реализација на нов гасовод што ќе и овозможи на земјата поврзување со трансатлантскиот гасовод со терминалите за природен гас во ревитуза но и со новиот којшто ќе биде изграден во Александропули. Тоа ќе овозможи независност во енергетското снабдување и избор во гасификацијата на земјата.
Фиљана Кока
