СКМ

Сандерс: Политиката ја нарушува визијата каде навистина сака да оди Македонија

13.11.2023 18:06

Политиката да се тргне од бизнисот. Потенцијал има, но не и стратегија во Македонија – порача економскиот експерт Сандерс во Скопје. Активно да ја промовираме државата и да се фокусираме на одредени сектори во кои имаме конкурентна предност, сугерира Виктор Мизо. Битен фактор е квалитетот на образовниот систем-едногласни бизнис заедницата и експертите.

Кадарот во Македонија има потенцијал. Но, потребна е стратегија. Од државата со насоки и одговорности. Политиката да се тргне од бизнисот – порача економскиот експерт Сандерс.

Треба активно да излеземе да ја промовираме државата, фокусирање на одредени сектори во кои имаме конкурентна предност, сугерира Виктор Мизо.

Важно е како сме позиционирани во споредба со другите држави за странските компании да ги насочат парите во земјава. Битен фактор според еснафот и експертите е квалитетот на образовниот систем.

 

Александра Велинова