Тутунопроизводство

Ќе почне откупот на тутунот, се бараат повисоки цени

19.11.2023 13:21

На прагот на откупот на тутунот, производителите бараат повисоки цени кои ќе им ги покријат трошоците и ќе ја задржат рентабилноста на оваа индустриска гранка која носи девизен прилив. За утре најавен состанок со откупувачите во Министерството за земјоделство...

Нема да се согласиме да почне откупот без зголемување на цените, велат од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија на прагот на откупот на тутунот од годинашнава реколта.

За утре е најавен состанок во Министерството за земјоделство со откупувачите и, тутунарите гласно ќе го изложат барањето.

Годинава тутун има помалку за една третина од лани. Произведени се околу 14.000, а со откупувачите побаруваат 26.000 тони тутун. Квалитетот е висок, надежта тутунарска уште поголема да се постигне реална цена. А без реално вреднување на трошоците и исплатливоста, тутунопроизводството е во опасност. Тутун ќе откупуваат 10 компании.

 

Елизабета Митреска