Просечната нето плата во септември 37.876 денари
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во септември 2023-та година, изнесувала 56.896 денари...

Просечната месечна исплатена нето- плата по вработен во септември годинава изнесува 37.876 денари, и е за 16,4 отсто поголема од истиот месец лани.
Како што соопштуваат од Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25,8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24,8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,5 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во септември 2023-та година, изнесувала 56.896 денари.
