Над 1.700 хектари државно земјоделско земјиште оди под закуп
Повеќе 1.700 хектари државно земјоделско земјиште оди под закуп. Парцелите се со големина над над 3 хектари во 13 региони низ државата. Рокот за поднесување на апликациите привршува и ќе трае 30 дена од објавувањето на огласот на 27 октомври годинава …

Држават нуди под закуп вкупно 1.776 хектари земјоделско земјиште, распоредени во 13 региони низ државата. Парцелите се со големина над 3 хектари. Наменети се за подигнување на долгогодишни насади, ливади и рибници, за поставување на пчелни семејства, за брзорастечки растенија и други култури.
Идните закупци парцелите ќе ги добијат на користење за период од 15 до 70 години во зависност од насадите и посевите што ќе ги одгледуваат.
Право на учество имаат домашни физички и правни, и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавниот оглас во висина на понудена деветмесечна закупнина.
Почетната цена е од 15 до 120 евра за хектар во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. Еден земјоделец со доставување на една понуда може да аплицира за еден или за повеќе региони.
Огласот за закуп трае 30 дена од неговото објавување, односно од 27-ми октомври годинава, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.
Методија Трајков
