Европската банка за обнова и развој организира настан „Млади во бизнис“
На настанот ќе се обрати претставникот на ЕБОР во државата, Фатих Туркменоглу, а се очекува присуство на амбасадорите на Италија и Шведска во земјава, Андреа Силвестри и Ами Ларсон Јаим, како и на Ана Митреска, вицегувернер на Народната банка.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска во Скопје ќе одржи настан на кој ќе бидат презентирани наодите за процена на пазарот кај нас за програмата „Млади во бизнис“.
На настанот ќе се обрати претставникот на ЕБОР во државата, Фатих Туркменоглу, а се очекува присуство на амбасадорите на Италија и Шведска во земјава, Андреа Силвестри и Ами Ларсон Јаим, како и на Ана Митреска, вицегувернер на Народната банка.
Предвидено е потпишување договор со Прокредит банка за финансирање проекти во рамките на програмата „Млади во бизнис“.
