Финансии

ЕБОР ќе издвои девет милиони евра за зелено кредитирање на млади претприемачи

24.11.2023 10:53

Два милиона евра се заем од програмата на ЕБОР Youth in Business (YiB) и се наменети за поддршка на локалните микро, мали и средни претпријатија во сопственост или управувани од претприемачи на возраст под 35 години.
Седум милиони евра се заем од Зелениот финансиски фонд (ГФФ) на ЕБОР и ќе се користат за кредитирање на локалните мали и средни претпријатија.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека ќе одобри заем од девет милиони евра за  поддршка на млади претприемачи, за отворање нови бизниси и за промовирање на зеленото кредитирање во Северна Македонија.

Средствата ќе се нудат преку ПроКредит Банка. Два милиона евра се заем од програмата на ЕБОР Youth in Business (YiB) и се наменети за поддршка на локалните микро, мали и средни претпријатија во сопственост или управувани од претприемачи на возраст под 35 години.

Седум милиони евра се заем од Зелениот финансиски фонд (ГФФ) на ЕБОР и ќе се користат за кредитирање на локалните мали и средни претпријатија.

Домашните бизниси кои ги исполнуваат условите ќе добијат и грантови за поддршка на нивните инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетски ефикасни технологии.