Електрична енергија

Од 1-ви декември стартува дневната евтина тарифа

26.11.2023 11:45

„Со воведување на дневната евтина тарифа, домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Од 1-ви декември се враќа евтината струја. Домаќинствата ќе имаат ниска тарифа за електрична енергија од 13 часот до 15 часот. Останува од 22 часот до 7 часот секој ден, како и цел ден недела, како досега.

„Со воведување на дневната евтина тарифа, домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Оттаму посочија дека се создадени услови за враќање на евтината струја поради зголемено производство од обновливи извори.