РКЕ

Поевтинуваат бензините и дизелот

27.11.2023 18:09

Новата цена на литар Еуросупер БС - 95 ќе изнесува 79,5 денари, 81,5 денари на Еуросупер БС - 98, а 76,5 денари на Еуродизел БС (Д-Е V).

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на литар Еуросупер БС - 95 ќе изнесува 79,5 денари, 81,5 денари на Еуросупер БС - 98,  а 76,5 денари на Еуродизел БС (Д-Е V).

Поевтинува и Мазутот М-1 НС, за 0,256 денари, и килограм ќе чини 42,517 денари, а не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), односно останува 75,5 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 проценти во однос на одлуката од 20-ти ноември годинава.