МЗШВ

Николовски ќе додели договори за грантови до 10.000 евра

28.11.2023 09:16

133 производители на храна ќе добијат грантови до 10.000 евра...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ќе ги додели 133 договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство, на малите производители на храна од неживотинско потекло.

Како што  најавуваат од МЗШВ, изјава за медиумите ќе дадат министерот Љупчо Николовски и Горан Димовски, тим лидер во IME – Increasing Market Employability Programme.