Средба Бектеши-Сијарто
Министерот за економија Крешик Бектеши денеска оствари работен состанок со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто.Тема на состанокот на којшто присуствуваа и генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски беше таксата за руски гас којашто ја наметна Република Бугарија.
Министерот за економија Крешик Бектеши денеска оствари работен состанок со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто.
Тема на состанокот на којшто присуствуваа и генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски беше таксата за руски гас којашто ја наметна Република Бугарија.
Двајцата министри разговараа за следните чекори коишто ќе се преземат со цел отстранување на таксата на руски гас што ја наметна Бугарија, која како што се согласија е нелегална и е непријателски чин.
На состанокот беше договорена заедничка координација на владите на Северна Македонија и Унгарија во насока на преземање на конкретни активности за обезбедување на енергетска безбедност на двете земји и сигурност во снабдувањето со гас.
„Целосно сме посветени во решавање на проблемот кој го наметна Бугарија со воведување на такса на рускиот гас и изнаоѓање на заедничко решение преку координирани активности на сите засегнати страни. Северна Македонија ги поддржува сите иницијативи за решавање на настанатиот проблем“ кажа министерот Бектеши на состанокот.
Министерот Бектеши и министерот Сијарто се согласија дека диверзификација на изворите за снабдување со гас се крајна цел на која двете земји ќе работат заеднички во наредниот период.
