Економија

Битиќи: Човечкиот капитал е клучен сегмент во Националната развојна стратегија

01.12.2023 16:11

Вицепремиерот Битиќи беше говорник на панелот посветен на демографските предизвици и на човечкиот капитал, при што рече дека инвестирањето во човечки капитал е најважната инвестиција и овозможувачки фактор за сѐ друго што правиме, и без инвестирање во него, сите можни стратегии остануваат само идеи на хартија.

„Триесет годишното партнерство со Светска банка, се одбележува во време кога Северна Македонија започнува нов процес, а тоа е Националната развојна стратегија за следните 20 години, која ќе ги адресира сите отворени прашања, кои 30 години не сме ги адресирале“, рече заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на конференцијата посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи беше говорник на панелот посветен на демографските предизвици и на човечкиот капитал, при што рече дека инвестирањето во човечки капитал е најважната инвестиција и овозможувачки фактор за сѐ друго што правиме, и без инвестирање во него, сите можни стратегии остануваат само идеи на хартија.

„30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија  се одбележува и во момент кога отпочнуваме нов процес, а тоа Националната развојна стратегија за следните 20 години  во кои ги адресираме сите отворени прашања, кои 30 години не сме ги адресирале. Во неа е опфатен и еден клучен сегмент, а тоа е човечкиот капитал. Знаењето и човечкиот капитал се дел од Националната развојна стратегија и се клучни во борбата со демографските предизвици“, рече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на демографските трендови кои треба да ги согледаме, да ги препознаеме и да не бегаме од нив.

„Треба да ги прифатиме како основа за спроведување на политики. Миграциите ќе продолжат, нема да завршат, нашата држава ќе биде дел од тие процеси, ќе доаѓаат луѓе, но тие кога доаѓаат не секогаш со себе носат лоши навики, туку тие се носители и на капитал, на знаење, на вештини. Овој процес треба да го видиме како можност, а не како пречка за економскиот развој“, рече Битиќи.

На панелот, вицепремиерот Битиќи рече дека има повеќе секторски стратегии кои се усогласени со Националната развојна стратегија, со која јасно дефинираме каде сакаме да се движиме во наредните две децении, да креираме можности за младите. Да се справуваме со диспаритетите во државата помеѓу регионите.