тутунопроизводство

Во Прилеп се одржа трибина пред откупот на тутунот

03.12.2023 11:00

Националната земјоделска мрежа во Прилеп одржа трибина пред откупот на тутунот. Се бара откупна цена од 10, а не 5 € што ја нудат откупувачите. Во спротивно производителите се во загуба, а тутунопроизводството во изумирање…

Откупната цена на тутунот мора да биде 10, а не 5 евра како што нудат откупувачите. Рапидно се зголемени трошоците, намалено е производство, иако квалитетно, но мора да се постигне исплатливоста. И за тутунарите, за откупувачите и за државата, беше констатирано на трибината во Прилеп за тутунопроизводството што ја организираше Националната земјоделска мрежа.

Голем проблем е Законот за тутун кој ги фаворизира откупувачите, а производителите ги става во незавидна ситуација. Тутунарите предлагаат интервентно во откупот да реагира прилепскиот Тутунски комбинат.

Засега, откупните фирми немаат слух за зголемување на откупните цени. Крајниот рок за почетокот на откупот е 15-ти декември. Годинашно во производство е преполовено и се проценува на околу 13.000 тони тутун.

 

Елизабета Митреска