Втор ден комисиска расправа по Предлог-буџетот за 2024 година
Во Собранието, втор ден дебата во матичната комисија за Предлог-буџетот за 2024 година. Државната каса е проектирана на 5,5 милијарди евра. Според власта, вака скроениот буџет ќе обезбеди и развој и фискална одржливост. Според опозицијата, предлогот е нереален и не нуди стратегија за економијата.

Комисиска расправа по Предлог-буџетот за 2024 тежок 5.5 милијарди евра што го поднесе Владата. во владејачкото мнозинство се задоволни од предложениот буџет зашто има развојна компонента и се зголемени капиталните расходи. според нив ќе има повеќе пари за здравството, социјалната помош, локалната самоуправа. 250 милиони евра за патната инфраструктура, 95 милиони евра за нато интеграции, 23 милиони евра за управување со отпадни води, 10 милиони евра за локални патишта.
Пратениците од опозицијата се децидни дека економската ситуација е повеќе од катастрофална. Според нив буџетот е највисок во историјата, нереален, неразвоен, креиран без концепт и визија и е поставен на основи кои се неодржливи. Според пратениците од опозицијата, комплетно е нејасно е по која основа Владата се обврзува дека идната година ќе инвестира дури 773 милиони евра во капитални инвестиции, ако се знае процентот на остварување е многу понизок и изнесува само 66%.
Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија поднесоа 250 амандмани. Расправата во комисијата трае 10 работни дена.
Игор Панов
